РЕЧНИК НА АНТОНИМИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК


Главен истражувач: д-р Лидија Тантуровска

Соработници: д-р Снежана Петрова-Џамбазова, м-р Марија Гркова, м-р Билјана Никовска, м-р Мариче Стојанова



Цел на проектот 

Целта на проектот „Речник на антонимите во македонскиот јазик“ е пополнување на лексикографското и на лексиколошкото празно место во македонистиката, а и пошироко во лингвистиката. Станува збор за два вида истражување: темелно научно истражување во лексикографско-лексиколоши рамки и апликативно, применливо. Од една страна, корисници ќе бидат јазичарите, лингвистите, кои ќе можат и понатаму да ги продлабочуваат своите истражувања, а од друга, говорителите на македонскиот јазик, посебно: учениците, студентите, наставниците, професорите, преведувачите од другите јазици на македонски, новинарите, итн., сите оние што водат сметка за јазичниот израз. Секако дека тука треба да се споменат и оние што го учат и оние што го изучуваат македонскиот јазик.



Досегашни резултати

ИНДЕКС НА АНТОНИМИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК (необјавен рецензиран труд)

автори: д-р Лидија Тантуровска, научен советник, д-р Снежана Петрова-Џамбазова, н. сораборник

Одделни научни трудови произлезени од работата на проектот

 

Датум на започнување на проектот: 01.10.2010 година

Главен финансиер: Министерството за образование и наука

Носител на проектот: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисикров“ – Скопје при УКИМ