Симона ГРУЕВСКА-МАЏОСКА


Симона ГРУЕВСКА-МАЏОСКА

•    Датум и место на раѓање:
10. XII 1967, Скопје
•    Интернет-адреса:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
•    Научно звање:
научен советник / редовен професор
•    Потесна област на научноистражувачки интерес:
лексикологија, лексикографија, социолингвистика, стилистика
•    Докторска дисертација:
Лексичка синонимија во македонскиот стандарден јазик. Скопје 2006, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
•    Постдипломски студии:
Лексиката и стилот во делата на Живко Чинго, Скопје 1997. Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
•    Високо образование:
Македонски јазик и литература, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, 1990
•    Учество во научноистражувачки проекти:
Толковен речник на македонскиот јазик,
Речник на македонската народна поезија,
Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи
Јазичното планирање и јазичните политики во Република Македонија
Правопис на македонскиот јазик
Електронски корпус на македонскиот јазик

•    Главен истражувач:
Речник на синоними во македонскиот јазик
•    Студиски престои:
Краков, Полска; Прага, Чешка.
•    Монографии:
Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи (том VI). Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2001 (група автори)
Толковен речник на македонскиот јазик (том I). Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2003 (група автори)
Толковен речник на македонскиот јазик (том III). Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2006 (група автори)
Лексичка синонимија во македонскиот стандарден јазик. Посебни изданија на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кн. 56, Скопје 2009
Социолингвистички огледи. Едиција „Јазикот наш денешен“, кн. 19, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2010.



•    Научни трудови во списанија, зборници и др.
Јазикот на стрипот. Литературен збор 1-2, Скопје 1995, стр. 67‒73;
Јазикот на огласите во весникот Нова Македонија од 1945 до 1955. Македонскиот јазик од 1945 до 1955 (зборник), Скопје 1995, стр. 103‒106;
Лексиката и фразеологијата на Пасквелија и Нова Пасквелија од Живко Чинго. Втор научен собир на млади македонисти (зборник), Скопје 1995, стр. 81‒86;
Јазикот на бизнисмените. Трет научен собир на млади македонисти, Скопје 1997, стр.111‒116;
Јазикот и стилот на колумната Сакам да кажам од Горан Михајловски во весникот Вечер. Македонскиот јазик во јавното општење, Скопје 1999, стр.234‒241;
Синонимски низи кај глаголите. Македонскиот глагол: синхронија и дијахронија, Скопје 2000, стр.128‒133;
Технокултура на говорот. Литературен збор 5-6, Скопје 2002, стр. 29‒35;
Повеќезначноста на лексемата глава. Норма и речник (зборник). Скопје 2002, стр. 105‒112;
Појавата на синонимија кај некои понови заемки од англискиот јазик од социолингвистички аспект. Општествените промени и јазикот (зборник), Скопје 2004, стр. 72‒77;
Мекица, питулица, тиганица, крофна - синоними или не? Литературен збор 4-6, Скопје 2005, стр. 93‒95;
Причини за појава на синоними во јазикот. Лзб 1-3, Скопје 2006, стр. 51‒56;
Синонимите во функционалните стилови. „Функционалните стилови“ (зборник), ИМЈ „Крсте Мисирков“, Скопје, 2006, стр.24‒29;
Дали сме изгубени во преводот. Културен живот 3-4, Скопје, 2006, стр. 30‒33;
Лексичка синонимија во македонскиот стандарден јазик. Македонски јазик LVII, Скопје, 2007, стр. 147‒157;
За изработката на речник на синоними во македонскиот јазик. XXXIII Научна конференција на Семинарот за македонски јазик, литература и култура (зборник), Скопје, 2007, стр. 261‒269;
За јазикот и стилот на Живко Чинго. Синтези, македонски книжевен гласник, Скопје 2007-7, стр. 74‒76;
Општествено-политичката терминологија во Република Македонија – развој и промени. Меѓународна научна конференција: Историја, историографија и настава по историја (зборник), Скопје 2007, стр. 501‒505;
Англоамериканскиот јазик како лингва франка на денешницата и неговото влијание врз македонскиот јазик од социолингвистички аспект. Јазиците во контакт – некогаш и денес (зборник), Скопје 2008, стр. 25‒28;
Одразот на транзицијата врз лексичкиот систем на македонскиот јазик. Транзициите во историјата и културата (Прилози од Меѓународната научна конференција одржана во Скопје на 30 и 31 октомври 2006 година во соработка со Етнографскиот институт со музеј при Бугарската академија на науките), Скопје 2008, стр. 695‒700;
Лексички и стилски особености на творештвото на Живко Чинго. XXXIV Научна конференција на XL Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје 2008, стр. 95‒101;
Причини за појава на синоними во јазикот. Македонскиот јазик – минато, сегашност, иднина (зборник), Скопје 2008, стр. 119‒123;
Лексички и стилски особености на јазикот и творештвото на Живко Чинго. XXXIV Научна конференција на Семинарот за македонски јазик, литература и култура (зборник), Скопје 2008, стр. 95‒102;
Комуникацијата на младите преку Интернет и СМС-пораки, Зборник во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова по повод 70 години од раѓањето, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици, Скопје 2009, стр.119‒124;
Современи случувања во македонскиот јазик од социолингвистички аспект. Меѓународен македонистички собир, Скопје 2010, стр. 83‒88;
За некои проблеми на лексичката синонимија, XXXIII Научна конференција на XXXIX Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид 2010, стр. 19‒26;
Состојбата со македонскиот и со хрватскиот јазик од социолингвистички аспект.  Zbornik radova s Me|unarodnog znanstvenog skupa Hrvatsko-makedonske knji`evne, jezi~ne i kulturne veze odr`anog u Rijeci od 23. do 25. O`ujka 2011. Knjiga III, Rijeka 2011, стр. 303‒308; (прегледан труд)
Статусот на македонскиот јазик во Република Македонија, „Спектар“ Меѓународно списание на Институтот за македонска литература, Книга II, Скопје 2011, стр. 544‒550; (прегледан труд)
Јазичната норма и идентитетот, Зборник на трудови од научниот собир „Стандарднојазичната норма и македонскиот јазик. Јазикот и идентитетот“ одржан на 15 април 2010, Едиција „Јазикот наш денешен“, кн. 20, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“‒Скопје 2011, стр. 57‒62;
За идентитетот, границите и македонскиот јазик, сп. Македоника, г. I, бр. 2, Македоника литера ‒ Скопје 2011, стр. 3‒13;
„Language, Borders, Identity“, Cultural spaces. Identity within / beyond borders. Review of Interstud Interdisciplinary Centre for Studies of Contemporary Discurcive Forms. Alma Mater, Bacau 2012, p. 217‒224. (меѓународно списание со фактор на влијание - ISSN 2065-3204; the scientific journal is ranked as B+ by CNCS in 2012 and  it is also indexed in the Fabula, Index Copernicus, CEEOL databases  http://www.ceeol.com/aspx/publicationdetails.aspx?publicationid=1a160f94-b5af-4741-9d80-f2f374261480);
Јазичната политика во Република Македонија – меѓу законската регулатива и практиката. Instytut Slawwistiki Polskiej Akademii Nauk Towarzystwo Naukowe Warszawskie, Slavia Meridionalis, Studia Slavica et Balcanica, 12, Warszawa 2012, стр. 223‒234; (меѓународно списание / прегледан труд)
Актуелната состојба со српскиот и македонскиот јазик од социолингвистички аспект. Битола – тема за културно и уметничко творештво на автори од Р Македонија и Р Србија, Битола 2012, стр. 103‒107; (меѓународно списание)
За употребата на латиницата во кирилични текстови, Зборник на трудови од научниот собир Современите лингвистички истражувања во македонистиката / Придонесот на македонските лингвисти во стабилизација и во стандардизација на јазичната норма на македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ‒ Скопје 2012, стр. 237‒241;
Јазичните политики и јазичното планирање во РМ ‒ законската регулатива сврзана со јазиците во РМ. Култура. Culture. IV број, Ми-Ан, Скопје 2013, стр. 227‒236.

•    Членства во научни и други професионални асоцијации:
член на редакцијата на „Македонскиот речник на знаковен јазик“ објавен во 2000 година,
главен уредник на Редакцијата на списанието „Македонистика“,
член на Редакцијата на Правописот на македонскиот јазик (и еден од изработувачите на Елаборатот за Правописот),
координатор на проектот Електронски корпус на македонскиот јазик (заеднички проект на МАНУ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“),
член на Комисијата за верификација на лекторскиот испит при Министерството за култура на РМ,
член на Комисијата за развој и афирмирање на знаковниот јазик, негово унапредување од лингвистички, фонолошки и морфолошки аспект, синтакса и негова стандардизација при Министерството за труд и социјална политика на РМ,
член на Одборот за двогодишни постдипломски студии,
член на Советот на ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

•    Општествени и професионални должности:
 

За изданијата

Несомнено, новите изданија од областа на македонистиката ќе придонесат за натамошни проучувања на македонскиот јазик од различни аспекти, како и за негово вклучување во пошироки славистички и балканистички истражувања

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 год., со цел сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него. Основните насоки по кои би се одвивала дејноста на Институтот биле зацртани преку пет одделенија и тоа: одделение за историја на македонскиот јазик, одделение за современ македонски јазик, одделение за дијалектологија, одделение за лексикологија и лексикографија и одделение за ономастика... [повеќе]
Адреса:Григор Прличев 5, 1000 Скопје
Телефон: +389 (2)2 3114-733
Факс : +389 (2)2 3222-225