Толковен речник на македонскиот јазик

Печати
Толковен речник на македонскиот јазик, т. 4 (П), гл. редактор: К. Конески, ред.: С. Велковска, К. Конески, Ж. Цветковски, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2008, 680 стр.

Четвртиот том од Толковниот речник на македонскиот јазик ги содржи лексичките единици со почетна буква П (првиот том А-Ж, вториот З-К, третиот Л-О). Иако според првичниот план Речникот требаше да биде објавен во четири тома при установувањето на методолошките принципи, изборот на лексичките единици и дополнувањата се наложи тој да биде издаден во шест томови, па значи преостануваат уште два тома. Со Речникот во голема мера се дефинира лексичкиот фонд, местото на архаичната, дијалектната и интернационалната лексика, синонимната и фразеолошката употреба на лексичките единици. Тој секако е основа за истражување на македонскиот лексичкиот систем, основа за работа врз синонимен, фразеолошки други тематски речници, како и за споредбени славистички и балканистички истражувања. Со оглед на тоа што овој том се одликува со богатството на префиксираните лексички единици тој нуди и богат материјал од областа на зборообразувањето.
 

За изданијата

Несомнено, новите изданија од областа на македонистиката ќе придонесат за натамошни проучувања на македонскиот јазик од различни аспекти, како и за негово вклучување во пошироки славистички и балканистички истражувања

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 год., со цел сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него. Основните насоки по кои би се одвивала дејноста на Институтот биле зацртани преку пет одделенија и тоа: одделение за историја на македонскиот јазик, одделение за современ македонски јазик, одделение за дијалектологија, одделение за лексикологија и лексикографија и одделение за ономастика... [повеќе]
Адреса:Григор Прличев 5, 1000 Скопје
Телефон: +389 (2)2 3114-733
Факс : +389 (2)2 3222-225